Фото: Маја Јаневска-Илиева

Над 7.000 учесници денеска трчаа на 17-то издание на традиционалниот Скопски маратон. Вниманието на јавноста беше вперено кон скопските улици, каде што илјадниците атлетичари, рекреативци и ентузијасти од различни генерации се обидоа да ја минат целта.

Највпечатлив беше учесникот во костим на суперхеројот од анимираните стрипови Аквамен. Повеќемина родители трчаа заедно со своите деца, а дел од нив туркаа и колички за бебиња.

Адријана Поп Арсова кај дамите и Дарио Ивановски во машка конкуренција беа најбрзи, поставувајќи нови државни рекорди. Поп Арсова ја истрча маратонската трка во време 2:40,36 часа, додека Ивановски заврши со време од 2:21,27 часа.

Редакцијата на весникот „Нова Македонија“, која е и медиумски покровител на Скопскиот маратон, по традиција, и годинава имаше свои претставници на оваа манифестација. Тоа се новинарката Сања Јачевска и ликовно-графичкиот уредник Гоце Цветаноски.