Фото: Игор Бансколиев

Уривањето на дивоградбата кај трговскиот центар „Мавровка“ е во тек. Донесена е градежна механизација, а полицијата ја обезбедува локацијата.

Уривањето го врши Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, како што најави владата со одлуката на првата седница на нејзиниот нов состав, одржана вчера.

Бетонските столбови ги урива еден багер, а просторот околу е под силно полициско обезбедување. Една сообраќајна лента кај „Мавровка” е зафатена со полициски возила, а новинарските екипи и голем број граѓани го следат уривањето од крстосницата, па сообраќајот е закочен и Бит-пазар ечи од кршењето на бетонот, но и од нервозни возачи кои остануваат заглавени на семафорот и по дваесетина минути. Уривањето се одвива без пречки.