Неколку недели откако поморската архитектка Елена Напи го понуди моделот на хибриден брод што може да се трансформира во подморница, таа ги откри плановите за суперјахта што наликува на спој од поморски воен брод и вселенско летало.

Суперјахтата наречена „Проект Кентаур“ има должина од речиси 100 метри и засега е прототип. Од компанијата „Офичина Армаре“ објаснуваат дека „кентаурот“, кој се одликува со комплексен дизајн, ќе биде достапен најрано во 2020 година.