Руските пожарникари се уште се во борба со пожарите кои беснеат во Сибир. Зафатени се над 1.2 милиони хектари, а во гасењето учествуваат над 800 луѓе. Поради пожарите, во сибирската република Јакутија е прогласена вонредна состојба. Руската влада во гасењето ја вклучи и руската војска, а над неколку градови во Сибир небото е прекриено со чад. Поради чадот не работат два аеродроми во Иркутската област.