Автобусите исчезнаа од улиците на Венецуела, поради економската криза во јужноамериканската држава и порастот на цените на нафтата, па тамошните жители се принудени да се снаоѓаат со алтернативни облици на јавен превоз, како што се товарните камиони.

Ваквиот облик на транспорт, каде што патниците воглавно стојат збиени едни покрај други во задниот дел на товарни возила, е познат под називот „количка за кучиња“ меѓу населението во главниот град Каракас.