Фото: Дарко Андоновски

Делегација на амбасадата на Русија во Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на Јуриј Гагарин, на истоимената улица, наспроти Министерството за економија, по повод годишнината од неговиот лет во вселената. 

Јуриј Алексеевич Гагарин е советски космонаут, кој на 12 април 1961 за првпат во историјата на човештвото се вивна во вселената и е прв човек што ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. 

Утре, пак, во „Скај-бар“ на хотелот „Русија“ ќе се одржи неформален настан „Yuri’s Night“ со поддршка на Амбасадата на Русија во Република Македонија и на почесниот конзулат на Русија во Битола.