Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган се појавија пред одбрани медиуми со своето новороденче во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор.

– Тој е најсладок и е многу мирен – изјавила војвотката од Сасекс, која се породи во понеделникот.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган, со гордост го покажаа нивниот син во замокот Виндзор.