Алекс Реба од Германија изработува илустрации и фотографии во кои комбинира различни техники. Имал желба да создаде рендген слики од растенија кои ќе бидат во боја.

– Речиси сите рендген слики направени од растенија беа или црно-бели или со многу малку боја, па така сакав да се обидам да создадам нешто поинакво – вели Реба.

Сликите биле направени со дигитална мамографија. Со оваа технологија, возможно е да се видат сите делчиња на цветовите, а со дигитална обработка црно-белите слики се трансофромирани во слики во боја.