Холандија е принудена да ги затвора казнените установи поради недостиг на осуденици, по што тамошните власти решија да ги пренаменат затворите во хотели и во станбени згради. Бројот на затвореници во државата е преполовен во изминатата деценија, со постојаното опаѓање на стапката на криминал.

Во план е реновирање на затворскиот комплекс Билмербајес во Амстердам, за кој е предвидено да биде претворен во луксузно предградие со 1.350 станбени единици. Затворот Хет Арестхаус, пак, стана хотел.

Затворот Норгерхавен во северна Холандија се одликува со значителен комфор. Осудениците имаат слобода да шетаат низ дворот, да ги посетуваат библиотеката, кантината или затворската клиника. Тие имаат и простории за рекреација, каде што можат да играат билијард, или да читаат книги и списанија кои им се достапни, а во дворот имаат и терен за одбојка. Згора, затворениците чуваат кокошки и одгледуваат зеленчук.

Холандија затвори 19 казнени установи од 2013 година до денес, а во 2015 година изнајми дел од празните простории на Белгија и на Норвешка, која испрати 250 затвореници на отслужување на казната во холандските затвори.

Планиран изглед на затворот Билмербајес по реновирањето