Силното невреме кое вчера го зафати преспанскиот регион предизвика штета и во Охридско кај Свети Наум. Откорнатите дрвја предизвикаа голема материјална штета кај автокампот Љубаништа, уништени се дел од шаторите и приколките. Засега од кампот велат дека нема повредени.