Џојс Спакман од Холандија, која на Интернет го користи прекарот Кенди, е професионална шминкерка и самоук стилист. Кенди се занимава со шминка од нејзини  14 години. На 18 години, таа започнала да изучува тригодишен курс за шминкање во теарат, во кој работела секојдневно. На крајот од курсот, таа започнала да организира свои сопствени работилници за шминка и дизајнирање фустани. Сите нејзини изработки можете да ги погледнете на нејзиниот Инстаграм-профил.