Изминативе две недели се одржа првиот овосезонски гранслем турнир Австралија опен на кој по седми пат триумфираше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Во финалето, Србинот доминираше во натпреварот против шпанецот Рафаел Надал и со резултат 6-3, 6-2, 6-3 стигна до пехарот. Гранслемот беше нависина интересен, а преку низата фотографии на „Гардијан“ може да се забележат емоциите и најинтересните ситуации од Мелбурн парк.