Избрани се победничките фотографии од 46-то издание на натпреварувањето „Малиот свет на Никон“ во категорија фотомикрографија, кое се одржува секоја година. Натпреварот ја препознава совршеноста во правење микроскопски фотографии. Годинешниот победник Даниел Кастранова, потпомогнат од Бакари Самаса во лабораторијата на д-р Брант Вајнстин во Националниот институт за здравство, е добитник на главната награда за фотографијата на млада единка на риба зебрица.