Дрејк го собори рекордот за бројот на освоени музички награди „Билборд“, со 12 признанија добиени на годинашното издание на манифестацијата што се одржа ноќеска во Лас Вегас, САД. Сега раперот има вкупно 27 „Билборд“ награди со своето име на нив.

Тој во својот говор се заблагодари на неговата мајка за нејзиниот несебичен труд.

Дрејк исто така освои награди за најдобар машки изведувач, најдобар рап изведувач, најдобар „Билборд“ албум и уште неколку други.

Други победници на вечерта беа и Аријана Гранде која ја прими наградата за најдобар женски изведувач, BTS кој ја освои наградата за најдобро дуо/група и Лук Комбс кој освои награда за најдобар кантри изведувач.

Карди Би освои 12 награди, Ед Ширан и Ела Меи беа меѓу британските победници. Ширан освои награда за најдобра турнеја на изведувач, додека пак Ела Меи се здоби со признание за најдобар аренби изведувач.

Imagine Dragons примија награда за најдобра рок група.

На настанот настапија Тејлор Свифт, Jonas Brothers, Мадона и Мараја Кери.