Меланија Трамп ја рагледа некогашната тврдина каде што биле држени робови во 17-от век

Првата дама на САД Меланија Трамп ја посети Гана, во рамките на нејзината турнеја низ Африка. Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп ја рагледа некогашната тврдина каде што биле држени робови во 17-от век, поминувајќи низ т.н. „врата од која нема враќање“.

Таа ќе ги посети и Малави, Кенија и Египет, во текот на нејзината прва поголема самостојна турнеја. Доналд Трамп, пак, уште не ја посетил Африка, откога стапи на претседателската функција во 2017 година.