Околу две илјади учесници со најразлични маски синоќа поминаа низ улиците на Струмица на отворањето на Струмичкиот карневал.

Кралската свита, во која беа принцот и принцезата, придружувани од Струмичките мажоретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го означија почетокот на карневалот.

Креациите ги оценува жири-комисија, која треба да одлучи кому ќе му припаднат наградите во повеќе категории.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат денеска со одржувањето на Детскиот карневал.