Голем број на маски инспирирани од ликовите од стриповите и од филмовите можеа да се забележат на годинашниот „Комик-кон“, во Сан Диего, САД. „Комик-кон“ е четиридневен фестивал на стрипот кој се одржува секоја година. Станува збор за најголемиот фестивал за љубителите на стрипови (основан во 1970 година), што годишно го посетуваат над 130 илјади луѓе.