Фото: Игор Бансколиев

Во центарот на Скопје синоќа падна пороен дожд – произведен вештачки за сцена од новиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски, во која актерот Петар Мирчевски „филмски“ повреден во сообраќајка беше ставен во амбулантно возило.

– Можам да кажам само дека ми е ладно – рече Мирчевски накиснат од млазот под кој ја снимаше сцената на улица зад ТЦ „Буњаковец“.

Во филмот тој го игра ликот на Ставре Дувниветровски. Рече дека ова му е петти филм на Манчевски во кој има улога.

– Толку тој има и снимено во Македонија. Ако не му е срам, во следните нека не играм – се пошегува Мирчевски откако некој од екипата рече дека се тандем како Скорсезе и Де Ниро.

Во Скопје деновиве се снима современиот, урбан дел од филмот-диптих, откако заврши снимањето на делот од 17-от век, кој од октомври се работеше во Мариово, Преспа и Трескавец.

Режисерот Манчевски на паузата од сетот за медиумите изјави дека штотуку се вратил од 17-от век каде што, рече, си поминал многу убаво со ликовите Донка и Милан.

Режисерот Манчевски на паузата од сетот изјави дека штотуку се „вратил“ од 17-от век