Германски „Фолксваген“ соопшти дека ќе го прекине производството на легендарната „буба“ в година. Автомобилот со познат дизајн потекнува од времето на нацистичка Германија, а беше популаризиран од страна на Холивуд, односно од филмовите на Дизни. Но, неговата продажба опадна во текот на последните неколку години. Производството на „бубата“ ќе заврши во фабриката на „Фоксваген“ во Мексико, во јули 2019 година.