Кучињата-трагачи ја предводат потрагата по човечки останки во местата зафатени од големите пожари во Калифорнија, САД.

Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати, изјави окружниот шериф Бат Кори Хони.

Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.