Фото: Игор Бансколиев

Граѓаните ја искористија приликата да го посетат „Сити мол“ откако трговскиот центар денеска ги отвори вратите, по двомесечниот прекин во работата поради пандемијата на коронавирус.

Бројните посетители кои носеа заштитни маски согласно со превентивните мерки, беа најзаинтересирани за продавниците за облека, како што се забележува на фотографиите на фоторепортерот на „Нова Македонија“, Игор Бансколиев.