Дваесет и седмото издание на натпреварувањето во правење на „кули од луѓе“ беше одржано во Тарагона, Шпанија. Учесниците ги прават кулите со помош на специјални техники, натпреварувајќи се во групи (наречени „колес“) на локалните фестивали, со цел да создадат највисока и најкомплексна кула. Ваквата каталонска традиција потекнува од 18-от век.