Повеќемесечната политичка криза во Венецуела ја доведе земјата на раб на колапс. Некогаш најбогатата земја во Јужна Америка, денес се соочува со политички превирања, борба за власт, но и со притисоци од страна на повеќе светски земји. Преку фотогалеријата на Си-ен-ен може да се забележат сите досегашни настани во земјата, од владините протести на претседателот Николас Мадуро, до самопрогласувањето за привремени претседател на опозиционерот Хуан Гуаидо.