Регионот на Нов Јужен Велс веројатно долго ќе ја памети посетата на принцот Хари и на неговата сопруга, војвотката од Сасекс Меган Маркл, бидејќи доаѓањето на кралската двојка „донесе“ дожд во делот од Австралија погоден од суша. Дождот почна да врне кога принцот Хари држеше говор во гратчето Дабо. Посетата на Австралија е прва прекуокеанска турнеја за кралската двојка, во рамките на која војводата и војвотката од Сасекс ја посетија и Зоолошката градина во Сиднеј, како и сиднејската опера.