Властите во САД се подготвуваа за нуклеарна апокалипса уште од времето на претседателот Хари Труман (беше на функција од 1945 до 1953 година), планирајќи водечките институции да функционираат и во случај на нуклеарна војна. Плановите се класифицирани, но бункерите, тунелите и другите објекти, од кои дел пропаднаа, остануваат докази за подготовките кои траеја со години.