Јапонскиот император Акихито замина од престолот откако одржа молитва за време на посетата на мавзолејот на неговиот починат татко, императорот Хирохито. Акихито се повлече од тронот поради неговата старост, а на негово место дојде неговиот син, принцот Нарухито. Церемонијата се одржа завчера во духот на јапонската традиција и го бележи почетокот на „реива“, што значи ера на убава хармонија.