Фото: Горан Анастасовски

Во Зоолошката градина во Скопје деновиве се роди зебу-теле кое вработените го именуваа Џиџи.

Зебу е вид на домашно говедо со потекло од јужна Азија. Карактеристични се според масната грпка на рамењата, спуштените уши и кожниот набор под вратот.

Постојат 75 раси на зебу-говедо распространети низ светот. Тие се користат за работа, месо и за млеко.