Давид Губеро од Барселона е графички дизајнер кој работи на реклами, филмови и анимирање. Тој обожава играчки и фигури, а неговата колекција е огромна. Кога не работи професионално на филмови и анимирање, тој сака да ги фотографира своите фигури и да ги постави во интересни ситуации за да направи успешни фотографии. 

– Сакам да замислувам што би правеле хероите од „Марвел“ кога не се на мисија да го спасат светот или кога не помагаат некому и од тоа правам интересни фотографии. Обожавам да правам вакви фотографии и ова го правам речиси 10 години – вели Губеро. 

Нивниот „занимлив“ секојдневен живот опфаќа сè од читање, патување, нуркање, играње на флипери, па до меѓусебни борби и конфликти кои резултираат со комичен крај.