Импровизираните железни градби на малиот остров Мигинго во езерото Викторија, му даваат изглед на „желка со железен оклоп“. 

Островот со 131 жител (според податоците од 2009 година) зафаќа површина од две илјади квадратни метри.

Густо населеното подрачје на границата помеѓу Уганда и Кенија претставува предмет на спор помеѓу двете африкански држави.

Мигинго, каде што живеат воглавно рибари, има четири пабови, аптека, мало пристаниште и неколку јавни куќи.