Фото: Нова Македонија

Уметникот Живко Поповски-Цветин по повод Светскиот ден на мирот кој се одбележува на 21 септември организираше ликовна работилница во возот кој се обраќа на релацијата Скопје-Куманово.

Уметничките дела ги подари на патниците и вработените, а на железничката станица во Куманово ги подари на учениците од две основни и едно средно училиште, кои срдечно го дочекаа.

Во продолжение на настанот, учениците и наставниците од основните училишта „Толи Зордумис“, „Јероним де Рада“ и гимназијата „Гоце Делчев“ и уметникот Цветин пуштија балони и на тој начин ја испратија пораката дека мирот е најзначајната работа во светот.

-Во чест на Светскиот дена на мирот ги подарив моите уметнички дела на учениците и претставниците на сојузот на просветни работници. Пријатно сум изненаден кога видов дека голем број ученици се вклучија во одбележување на денот, бидејќи тоа значи дека нивните професори ги упатиле во неговото значење и тие ќе знаат да го одбележуваат и во иднина – изјави Живко Поповски-Цветин

Во оваа прилика Лидија Георгиевска Николовска, претседателката на Сојузот на просветните работници истакна дека учениците преку процесот на образование учат за мирот и неговото одржување. Во придружба на Цветин беше и познатиот македонски шахист Димитар Илиевски кој оваа година во чест на легендарниот Блаже Коневски ќе одигра 100 партии на шах.