Фото: Игор Бансколиев

Пожарникарите од Словенија и од Австрија, 40 војници и хеликоптер на АРМ, како и вработени од ЕВН и од шумските стопанства и понатаму водат жестока борба со пожарот над беровското село Будинарци, каде што гори борова шума. Фотографот на „Нова Македонија“ Игор Бансколиев ја прикажува ситуацијата на терен. ЦУК денеска информираше дека пожарот засега е под контрола, но сѐ уште не е изгаснат, со што состојбата се следи внимателно.