Жените ширум светот излегоа на улиците со барање да се прекине насилството врз жените. Протестите беа организирани ден по одбележувањето на Меѓународниот ден за прекин на насилството врз жените, кој се одржа вчера. Во Чиле и во Аргентина, учесничките на протестот излегоа со црвена и со виолетова боја, во облик на дланка, преку преку нивните усти, а демонстрациите имаа различни симболи во другите делови од светот. Според Обединетите нации, 87.000 жени и девојки се убиени во 2017 година.