Фотографот Стивен Бредли од Белфаст, Северна Ирска, инспирацијата за фотографирање често ја бара во небото. Инспириран од „расположението“ на небото, тој ја прикажува величественоста и големината на облаците во Северна Ирска, кои понекогаш се појавуваат во форми, што според него, наликуваат на духови.

Привлечен од временските прилики, при кои во Северна Ирска понекогаш се „менуваат сите годишни времиња во еден ден“, Бредли вели дека природата го води и повикува.

– Интересно е како небото заживува и си игра со облаците и со светлината. Формите можат да се појават во кое било време, при што природата ме повикува да ја презентира оваа појава. Не одам на едно одредено место и не чекам со часови за да налетам на материјал погоден за сликање. Јас чекам да бидам случајно повикан – вели Бредли за неговите фотографии.