Фото: Горан Анастасовски

Во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа диносаурусите за „Дино паркот“. Станува збор за 41 диносаурус во природна големин за кои од Зоолошката градина велат дека нивната монтажа ќе трае околу 20 дена, по што „Дино паркот“ ќе биде отворен за посетителите.

– Ќе имаме Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, големи и мали диносауруси, мајки со бебиња, јајца. Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни. Ова ќе биде прв „Дино парк“ на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив. Токму поради тоа очекуваме да биде туристичка атракција и да ја збогати туристичката понуда на Скопје – информираат од Зоолошката градина – Скопје.

„Дино паркот“, кој е во склоп на Зоолошката градина ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни.