Сите расположиви сили се вклучени во акцијата за спасување на децата од пештерата Там Луанг во Тајланд, работејќи деноноќно за нејзин успех. На теренот се околу 1.000 лица, вклучувајќи ги припадниците на тајландската армија и полиција, спасувачките екипи од целиот свет, нуркачи, инженери, лекари, нутриционисти, готвачи, како и родителите на децата, но и бројното локално население што ги следи случувањата во близина на пештерскиот комплекс.