Повеќе од една милијарда луѓе на светот започнаа да го слават почетокот на кинеската Нова година. Оваа година, според кинеската традиција е година на свињата, па така со обилни количества на храна, огномети и различни видови на перформанси ќе се празнува на целата територија на Азија. Свињата во Кина е симбол на оптимизмот, ентузијазмот и напорната работа.