Црвен крст на Град Скопје, во соработка со македонскиот амбасадор на цвеќето, мирот и љубовта Живко Поповски – Цветин ја организираше хуманитарната изложба по повод „Неделата на старите лица“.

Хуманитарната изложба се одржа во Градскиот парк, кај мостот после „Луна паркот“, а собраните средства ќе се поделат по домовите за стари лица во Скопје.