Фото: Горан Анастасовски

Волчицата Арија е новиот миленик на вработените во зоолошката градина во Скопје, кои за неа се грижат речиси еден месец. И покрај големата радост, волчицата нема да остане во зоолошката градина и за неа се бара резерват каде што ќе биде сместена. За радоста на вработените во зоолошката градина сведочат фотографиите на Горан Анастасовски.