Фото: Маја Јаневска-Илиева

Голем број верници ја посетија црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје за да запалат свеќа по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, како што може да се забележи на фотографиите на Маја Јаневска-Илиева.

Сите посетители на црквата, како и свештениците носеа заштитни маски, беше овозможено препорачаното растојание меѓу присутните, а беа обележани и места за стоење низ црквата и во дворот. Исто така се вршеше и дезинфекција на иконите, за верниците безбедно да можат да оддадат почит.

Голема Богородица (Успение на Пресвета Богородица) е значаен христијански празник посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Денот се празнува на 15 авуст по новиот календар, или 28 авуст по стариот календар.