Вработените во „Гугл“ го прекинаа извршувањето на секојдневните обврски, излегувајќи пред седиштето на компанијата во Калифорнија, во знак на протест за проблемите со кои се соочуваат. Протестот се прошири и низ ограноците на компанијата ширум светот – низ Токио, Сингапур, Цирих, Лондон, Даблин…

Повод за јавното изразување незадоволство претставуваат обвинувањата за сексуално вознемирување од страна на членови на раководството на компанијата, како и половата нееднаквост и расизмот.