Омилената кукла на девојчињата, Барби, го прослави 60-от роденден и нема ниту една брчка, пренесува британски „Гардијан“. Популарноста на играчката не опаѓа, за што доказ претставуваат продадените 58 милиони примероци годишно, низ повеќе од 150 држави. Над 100 луѓе се вработени во студиото за дизајн на компанијата „Мател“, која ги произведува куклите.