Фото: Игор Бансколиев/ Маја Јаневска-Илиева

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција денеска го прелетаа македонското небо. Летот на авионите над Скопје се забележува низ фотографиите на фоторепортерите на „Нова Македонија“ Игор Бансколиев и Маја Јаневска-Илиева. 

Прелетувањето беше изведено во чест на македонското членство во НАТО. Авионите летаа долж реката Вардар, од правец на скопскиот аеродром. 

Американските авиони полетаа од сојузната држава Јужна Дакота на нивниот 30-часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.