По зачестените масовни пукања во училишта и на факултетите во САД, училиштето „Пинакл чартер скул“ во сојузната држава Колорадо реши да воведе вежби со цел да ги подготват учениците за справување со ситуација во која има оружен напаѓач.

Инструктори од полицијата им објаснуваат на најмалите ученици за целите на напаѓачите, додека за постарите се предвидени тренинзи за самоодбрана, разоружување на напаѓачот, односно инструкции како да постапуваат за време на евакуација и како да блокираат вратите на училниците.