Фото: Горан Анастасовски

Новите жители на Зоолошката градина во Скопје, алпаките, се припитомен вид јужноамерикански животни од фамилијата камили. Физички личат на мала лама, а заедно со камилите и ламите, спаѓаат во фамилијата камили. Вообичаено, меѓу првите што успеаја да ги фотографираат алпаките, за добредојде во нашиот град, е нашиот колега Горан Анастасовски.

Алпаките се значително помали од ламите и, за разлика од нив, не се товарни животни, туку се одгледуваат за влакната. Алпаката има најценета волна – поради квалитетот и количеството на волна. Од нејзините влакна се изработуваат плетени материјали, како ќебиња, џемпери, капи, ракавици и шалови, како и разни ткаенини како понча во Јужна Америка и блузони, чорапи и постелнина во други делови на светот.

Алпаките се друштвени животни и живеат во семејни групи. Секоја група се состои од територијален алфа-мажјак, женки и нивните младенчиња. Кога ќе насетат опасност, меѓу себе се предупредуваат со пискав звук. Одбраната од помали предатори обично се состои од клоцање со нозете и плукање.

Вообичаено, меѓу првите што успеаја да ги фотографираат алпаките, за добредојде во нашиот град, е фотографот Горан Анастасовски

Овие животни живеат во стадо на висорамнински предели во Андите во јужно Перу, северна БоливијаЕквадор и северно Чиле, на надморска височина од 3.500 до 5.000 метри и таму се задржуваат во текот на целата година. 

Возрасната единка е висока од 81 до 99 сантиметри, а тежи помеѓу 48 и 84 килограми. Животниот век на алпаката е најмногу до 20 години.