„Црната река“ ги преплави улиците на Хонгконг

98

Околу два милиони луѓе облечени во црно ги преплавија улиците на Хонгконг за време на протестите против контроверзниот закон за екстрадиција. Незадоволните граѓани бараат и оставки од нивните политички лидери. Тензичните односи помеѓу Хонгконг и Кина излегоа на виделина со изливот на гнев во јавноста. Полицијата користеше гумени куршуми и солзавец за време на судирите со демонстрантите.