Уметници им вдахнуваат живот на детските чудовишта

68

Децата имаат бујна фантазија. Но, како што технологијата напредува, децата се повеќе ги прифаќаат веќе направените слики од ТВ, видео игрите и компјутерите, така што многу е важно децата да бидат охрабрени да ја употребуваат својата фантазија и креативност. Со таа цел, за да им се помогне да ја развијат нивната имагинација и да ги охрабрат да го следат нивниот креативен потенцијал, уметници од целиот свет се здружија за да го направат „Проектот Чудовиште“. Учениците им ги праќаат своите чудовишта, а потоа уметниците им додаваат мала доза од својот талент на и ги доведуваат во живот. Новите дела потоа се враќаат кај креаторите на чудовиштата, со цел да ги научат на уметнички техники.