Студентите учат да одгледуваат марихуана на канадскиот колеџ за канабис

172

Студентите учат да одгледуваат марихуана во рамките на новата програма за производство на канабис на колеџот „Нијагара“. Марихуаната се складира во контејнери погодни за транспорт.

Канада е прва меѓу членките на Г-7 која легализира марихуана за рекреативна употреба. Употребата за медицински цели во државата е одобрена од 2001 година.

Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.

Консумирањето на марихуаната за рекреативни цели ќе стане законско во Канада неделава.