Спој на елеганција и фудбал во Лондон

212

Најголемите фудбалски ѕвезди беа собрани на церемонијата на доделувањето на наградите на Светската фудбалска федерација (ФИФА) што се одржа синоќа во Лондон. Лука Модриќ, Килијан Мбапе и Еден Азар беа меѓу звучните фудбалски имиња што се појавија во елегантно издание на церемонијата.

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ беше избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА за 2018 година, а Бразилката Марта е најдобра кај дамите. 

Ѕвездата на Франција и Монако, Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар млад фудбалер на Мундијалот 2018, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше прогласен за најдобар на својата позиција, додека селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешан, очекувано беше избран за најдобар тренер на годината, на церемонијата на ФИФА.

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најубавиот гол во минатата сезона. Тој ја освои наградата за неговиот погодок против Евертон во Премиер Лигата на 10 декември минатата сезона.