Скулптури на популарни ликови од поп-културата направени од отпад

51

Жорж Ајусава е уметник кој работи во Швајцарија. Тој работи за филмската индустрија, изработувајќи скулптури и уметнички дела. Неговиот најнов проект се состои од стимпанк-скулптури на популарни ликови од поп-културата. За нивна изработка Ајусава употребил стари, непотребни материјали и делови од машини за пишување, правосмукалки, свеќници, па сè до стари теписи.