Скопје се привикнува на полицискиот час

767
Фото: Игор Бансколиев

Се чини дека дел од граѓаните на Скопје уште се привикнуваат на полицискиот час во главниот град, бидејќи денеска имаше минувачи на улиците наспроти забраната за движење, како што може да се забележи на фотографиите кои попладнево ги сликаше фоторепортерот на „Нова Македонија“ Игор Бансколиев.

На граѓаните кои се затекнаа надвор им пристапуваа полициските службеници кои беа на терен. Полицискиот час од денеска почнува од 16 часот за време на викендите и трае до 5 часот наредното утро.